петок, 21. септември 2018. Вести денес: 144
home Култура

Концерт по повод Светкиот ден на хармониката

Концерт по повод Светкиот ден на хармониката

Оваа година здружението „Љубители на класичната музика” Скопје по десетти пат организира концерт по повод интернационалниот празник и роденден на инструментот хармоника. Концертот по повод Светскиот ден на хармониката ќе се одржи вечер на Големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје.

На концертот ќе настапат реномирани уметници од земјата како и ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска. На програмата ќе бидат изведени дела од: Зубицки, Дербенко, Бете Илин, Анџелис, Пјацола и други.

Концертот е поддржан преку националната годишна програма за култура на Министерството за култура.

Светската Унија на хармоникашите одлучи 6-ти мај да го прогласи за светски ден на хармониката во 2009 година. Причината токму овој ден да биде прогласен за ден на хармониката е датумот на кој во 1829 година за прв пат е патентиран инструментот.

(Миа)