четврток, 24. јануари 2019. Вести денес: 74
home Култура

Концерт на виртуозот на виолината Вадим Репин и Македонската филхармонија

Концерт на виртуозот на виолината Вадим Репин и Македонската филхармонија

Македонската филхармонија вечер во 20 часот ќе одржи симфониски концерт под наслов „Магична виолина“, на кој како солист ќе се претстави еден од најголемите виолинисти на денешнината, Вадим Репин од Русија.

Виолинистот со огнена страст, со беспрекорна техника, уметникот од чии раце извира поезија и сентименталност, како што го опишува критиката, за македонските љубители на музиката ќе го изведе виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 2 од Сергеј Прокофјев.

Диригент на концертот е маестро Владимир Вербицки од Русија, кој првпат настапува на македонската сцена, а кој се смета за еден од најактивните руски диригенти. Под неговата диригентска палка, оваа вечер ќе бидат изведени едно од најпопуларните дела на рускиот композитор Модест Петрович Мусоргски – „Ноќ на пустата планина“, како и македонската премиера на Симфонијата бр. 1 од рускиот автор Василиј Калиников.