среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Култура

Концерт на националниот ансамбл „Танец“ во Македонска Каменица

Концерт на националниот ансамбл „Танец“ во Македонска Каменица

Со концерт на ансамблот „Танец“, по една ипол годишна пауза се вратија културните настани на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Како што беше истакнато на почетокот на концертот, настапот е дел од серијата концерти во новата сезона со симболичен наслов наречена „Враќање“.

-Симболиката е во тоа што годинава е 100-годишнина од раѓањето на Блаже Конески, но, концертите се и во духот на почнување на новиот сценски живот по долгата глобална здравствена криза што се одрази на уметноста во целиот свет, истакнаа од Националниот ансамбл пред присутните.

За организаторот на концертот, Културно-информативниот центар „Романса”, за големината на ансамблот „Танец” говори самиот факт што повеќе од седум децении претставува симбол на македонската култура и уметност.

-Танец е најголем национален амбасадор на македонскиот фолклор и подвижен музеј на нашата духовна култура заради што секогаш се добредојдени каде што настапуваат, додадоа од КИЦ „Романса”.

Покрај вокално-инструменталниот концерт во Македонска Каменица, “Танец” во наредниот период ќе има настапи и во уште неколку градови во Македонија.

Коронавирус