четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Култура

Концерт на гудачкиот квартет „Вива Стрингс” во Кичево

Концерт на гудачкиот квартет „Вива Стрингс” во Кичево

На платото пред Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечерва концерт одржа гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ од Скопје.

– Програмата на овој концерт беше од популарен карактер и на програмата беа застапени повеќе модерни наслови кои веруваме побудуваа интерес кај присутната публиката. Меѓу другите, беа изведени композиции на Мајкл Џексон, Бритни Спирс, Јуритмикс, Роби Вилијамс, Квин, истакна директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи.

Тој посочи дека покрај предвидената програма во чест на утрешниот празник, 8 Септември, Денот на независноста, биле изведени и композиции на македонски јазик.

Концертот се одржа со целосно почитување на препораките на здравствените институции за заштита од Ковид-19. (MИА)

Коронавирус