вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 71
home Култура

Композиторите реагираат: Дали на Алаѓозовски не му се допадна списокот на наградени автори, па го поништи конкурсот?

Композиторите реагираат: Дали на Алаѓозовски не му се допадна списокот на наградени автори, па го поништи конкурсот?

Композиторите чии дела беа избрани на Конкурсот на Министерство за култура за откуп на нови композиции од 2017 година, реагираат откако Министерството одлучи да го поништи конкурсот.

Во отсуство на објаснување зошто се случиле административните пропусти и зошто Министерот не ја почитува препораката на комисијата, можеме само да претпоставиме дека на Министерот не му се допаднал списокот со наградени автори, и планира во повторниот конкурс да се ангажира „административно“, за да се дојде до список, кој нему му се допаѓа. За таква интервенција, во држави со функционална демократија и воспоставен правен поредок Министерот одговара пред сите релевантни инстанции.

Поради очигледниот недостиг на релевантни причини за поништувањето на конкурсот, го повикуваме Министерот да ја преиспита одлуката и да ги преземе обврските, пропишани во конкурсот, стои во писмото на композиторите.

Коронавирус