недела, 22. јули 2018. Вести денес: 57
home Култура

Кокан Димушевски: Министре Алаѓозовски вие сте срам и смешна фигура која не си ја знае работата ниту пак имате шанси да ја научите

Кокан Димушевски: Министре Алаѓозовски вие сте срам и смешна фигура која не си ја знае работата ниту пак имате шанси да ја научите

И Никола Кокан Димушевски се огласи на социјалните мрежи по поништениот конкурс за откуп на музички дела.

-Оставка за Алаѓозовски и да одговара…Делата кои ги напишавме беа под шифра, по објавувањето на веб-страната на Министерството за култура без објавени имињата на композиторите, делата, како и паричните награди…Сега делата не се под шифра, како мислат да се повтори конкурсот? Да ги пријавиме под нови шифри или да компонираме нови дела со месеци? Министре Алаѓозовски вие сте срам и смешна фигура која не си ја знае работата ниту пак имате шанси да ја научите. Кога бев на средба кај вас пред повеќе од месец дена ветивте дека ќе ги пуштите решенијата на добитниците до 15 март…срамота е за вас и за целото министерство за култура да ме гледате во очи ида лажете…вас историјата ќе ве избрише засекогаш, мене и моите колеги ќе не паметат многу генерации. Поднесете си неотповиклива оставка дури срамот не ве изел комплетно.