вторник, 19. март 2019. Вести денес: 113
home Култура

Кои се овогодинешните добитници на наградата „Св. Климент Охридски“?

Кои се овогодинешните добитници на наградата „Св. Климент Охридски“?

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во Свечената сала на Собранието на Република Македонија денеска ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2018 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, им се доделува на Кимет Агаи и Аднан Агаи, просветни работници; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на Владимир Милчин, режисер, Емилија Стаменковиќ (Џипунова), балетски уметник и Томислав Османли, писател, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува на проф. д-р Борислав Каранфилски, патофизиолог, специјалист по нуклеарна медицина.