недела, 18. август 2019. Вести денес: 58
home Култура

Камерен Оркестар на Битола со реакција за негрижата од страна на Министерството за култура

Камерен Оркестар на Битола со реакција за негрижата од страна на Министерството за култура

Камерен Оркестар на Битола излезе со реакција по скандалозното доделување на пари од страна на Министерството за култура.

Нивното обраќање ви го пренесуваме во целост:

Камерниот Оркестар на Битола во врска со последните случувања на објавената програма од Министерството за култура, го замолува секој еден граѓанин на Битола, но и од околните градови, кој смета дека Камерниот оркестар има огромно значење за културата на цел овој регион, да го сподели овој текст за некако да допре до министерот и комисијата на Министерството за култура и да ја преиспита одлуката за доделување на средства за пола концерт, а не за годишна програма на Камерниот оркестар.

Не е нескромно да кажеме дека концертот што беше во јули минатата година на ракометното игралиште беше најпосетуван концерт од сите настани воопшто со преку 3500 посетители.

Во моментот кога се пишува историја со настапите на најреномираните фестивали на Балканот, кога за сите концерти во Битола се бара карта повеќе, ние добиваме се помалку и помалку средства од Министерството. Но ние не се откажуваме, секогаш ќе се трудиме да работиме за вас, затоа што и за вас постоиме.