понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 58
home Култура

Камерен концерт „Филхармонија за Филхармонија“

Камерен концерт „Филхармонија за Филхармонија“

Музичари од оркестарот на Филхармонија вечер ќе одржат камерен концерт во големата сала, насловен „Филхармонија за Филхармонија“ на кој ќе бидат изведени дела од македонскиот композитор Томе Манчев, од П.И. Чајковски, Л.В. Бетовен, Ференц Фаркаш и Бизе.

Во рамки на концертот, како што информираат од Филхармонијата, ќе настапат Мојца Седеу – перкусии, Весна Ангелова Христов– пијано, Гудачки квартет „Филхармонија“ (Ана Кондратенко, Бојан Илковски, Бојан Талевски, Марија Михајловска), Дувачки квинтет (Елена Дојчинова, Владимир Лазаревски, Здравко Ангелов, Горан Јанев, Ванчо Стојановски), Дувачко трио (Владимир Лазаревски, Марина Николовска, Маја Чанаќевиќ) и Брас квинтет (Стефан Илиев, Горан Арменски, Благоја Василевски, Никола Ристевски, Александар Ниниќ).

Коронавирус