понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 56
home Култура

Јубилејно издание на “Битрикс танцова лига”

Јубилејно издание на “Битрикс танцова лига”

На 14.06.2019 ќе се оствари отворањето на интернационалната програма на овогодинешното петто, јубилејно издание на “Битрикс танцова лига”. За истото е подготвен спектакуларен аудиовизуелен, интерактивен перформанс во “Dancing Hall” во “Младински Културен Центар”.

Перформансот е создаден така да ги буди сите сетила на публиката, но, и да и даде можност да се отклони границата помеѓу неа и сцената. Кореографијата на овој перформанс ќе ја изведува и е дело на Ивана Балабанова, додека пак како композитор се појавува реномираната композиторка Дарија Андовска.

Аниматор на визуализациите е Глигор Постоловски од “ДВД 5”, кои се одговорни и за светлото. Како ард-директор и видео концепт креатор се појавува Ана Стојановска во соработка со видео-продукцијата “Марсбен”. Перформансот зборува за интеракциите и комуникацијата помеѓу различни сегменти од животот на самиот танчар, како и за неговата конекција со надворешниот свет која е реперкусија на тоа кој е тој всушност.

Станува збор за симбиоза на вкрстени взаемни портрети на двете уметници, Ивана и Дарија, во оние точки во кои тие се соединуваат. Пред почетокот на перформансот, ќе ја презентира својата работа и истакнатата кореографка Адријана Данчевска од “Скопје танцов театар”, преку перформанс на учесниците од “Битрикс Танцова Лига” : Јоана Попоска, Нина Стефановиќ, Ина Илиевска, Ива Илиевска, Елена Терзиева, Ивона Маневска, Михаил Тодоречевски, Елена Стојкоска, Ива Георгиева и Викторија Коцева.