сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 81
home Култура

Изложба за 50 години актерска кариера на Петре Арсовски

Изложба за 50 години актерска кариера на Петре Арсовски

Во фоајето на Македонскиот народен театар вечер ќе биде отворена изложба за одбележување полувековен јубилеј од кариерата на доајенот на македонското актерство Петре Арсовски. Изложбата, насловена „Петре Арсовски, 50 години театар“, е визуелно сведоштво за живот на сцената на актерот Арсовски и ќе прикаже фотографии, плакати и останати експонати на дел од претставите во кои игра, а се во продукција на МНТ.

Во вечерашната премиера на претставата „Галеб“ од Чехов во режија на Нина Николиќ, Петре Арсовски ќе настапи во ликот на Петар Николајевич Сорин и ќе одбележи 50 години на сцената на МНТ.

Дебитирал во 1968 година во „Венецијански трговец“ во улога  Првиот полицаец,  а на актуелниот репертоар на МНТ игра  и во претставата „Разговори во четири очи“.

-Целта на изложбата е да се прикаже развојот и низата остварени ликови на еден од најпочитуваните актери во македонското глумиште и жива легенда на македонскиот театар и филм. Со постојаноста на квалитетот на сцената, видлива и во експонатите, изложбата дава поглед на актерските реализаци на Арсовски преку кои тој е запаметен и се памети како актер кој се гради, а на сето изминато време му дава значаен белег. Без разлика дали се работи за голем или за мал лик, тој во сите претстави плени со својата ненаметлива снага, одмереност, посветеност и умеење да се фати во костец со секој доверен нов лик, наведува МНТ. Изложбата во фаојето на театарот ќе биде отворена непосредно пред премиерата на „Галеб“ од Чехов.

МИА

Коронавирус