петок, 3. април 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Изложба од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2019“

Изложба од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2019“

Изложба од  Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2019“ ќе биде отворена вечер од 19 часот во НЛБ Галерија во Скопје, каде што до 7 јанаури ќе бидат претставени дела од автори кои на крајот на јуни учествуваа на Колонијата во Вевчани.

На Колонијата која се организира во соработка со компанијата „ВИА“ годинава учествуваа 35 уметници од земјава, Русија, Хрватска, Србија, Бугарија, Полска, Франција и од Грција.

На отворањето на изложбата ќе биде промовиран каталог (на македонски и англиски јазик), кој Колонијата го објавува традиционално. Насловен е „Шепотот на меридијаните” и ќе ги прикаже делата создадени годинава на „Вевчански видувања“ заедно со информации за уметниците и нивни впечатоци за престојот во Вевчани.

На оваа културно-уметничка манфестација досега учествувале повеќе од 300 ликовни уметници од државава и од странство, а создадените дела досега биле изложувани во Подгорица, Софија, Њујорк, Москва и Париз.

Коронавирус