вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Култура

Изложба на Владимир Темков во „Матица ексклузив“

Изложба на Владимир Темков во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на современиот сликар Владимир Темков, кој ќе се претстави со триесет дела создадени во последните неколку години.

Изложбата ќе ја отвори и за опусот на Темков ќе говори писателот Блаже Миневски.

– Со оваа изложба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските уметници,  соопшти „Матица“.

Во изминатите шест години во просторот на „Матица ексклузив“ беа организирани изложби од Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Павле Кузмановски, Симон Шемов, Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски, Ниче Василев..

МИА