среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 112
home Култура

Изложба „На маргините на Скопскиот регион“ во Музеј на македонската борба

Изложба „На маргините на Скопскиот регион“ во Музеј на македонската борба

Во холот на НУ Музеј на македонската борба денес во 12 часот ќе биде поставена изложбата „На маргините на Скопскиот регион, сакрални објекти и рурална архитектура“ од Дарко Николовски.

Изложбата во организација на Центарот за културно и духовно наследство е фото сторија на Дарко Николовски и го опфаќа богатото културно наследство кое и покрај видно нарушената состојба сведочи за автентичноста и континуитетот на македонската градителска и зографска традиција.

Направен е избор од големиот број споменични добра во скопскиот регион, но пред сè на ониекои се оставени на маргините од каде полека, но сигурно, одат возаборав од луѓето и времето.

Изложбата се реализира со поддршка на Град Скопје и ќе биде отворена до 3 декември.

Локални избори 2021