сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Култура

Изложба на калиграфија и калиграм во Порта Македонија

Изложба на калиграфија и калиграм во Порта Македонија

Во Порта Македонија денеска ќе биде отворена изложба на калиграфија и калиграм од иранскиот уметник Мохамадреза Афшари, на која ќе можат да се видат примероци на исламската калиграфија изработени на платно и на хартија.

На изложбата се очекува да се обратат министерот за култура на Република Северна Македонија, Хусни Исмаили, в.д. директор на Музејот на македонската борба – Даниела Николова, в.д. амбасадор на Иран во Скопје, Мехди Мохаведи и авторот Мохамадреза Афшари.

Мохамадреза Афшари е истакнат ирански уметник во чиј фокус е исламската калиграфија со богато искуство и меѓународни изложувања. Роден е во градот Ком, Иран, дипломирал на Факултетот за убави уметности на Универзитетот во Техеран, каде и предава, а работи и како инструктор во Иранската калиграфска асоцијација.

Изложбата е дел од вонпрограмските активности на Музејот на македонската борба, а ќе биде поставена во Порта Македонија до 24 февруари.

Коронавирус