среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 125
home Култура

Изложба на графики од збирката на Музејот на современа уметност

Изложба на графики од збирката на Музејот на современа уметност

Музејот на современата уметност (МСУ) вечер од 20 часот ќе отвори изложба на дела од неговата графичка колекција која има повеќе од 2000 отпечатоци изработени во различни графички техники.

Поголем дел од графиките припаѓаат на меѓународната збирка на Музејот што е прогласена за културно наследство од особено значење.

За изложбата е подготвена и публикација за разновидните истражувања на уметниците и нивните индивидуални стремежи преку графичкиот ликовен израз, како и  за развојот на графичката уметност и широкиот спектар стилски определби – фигуративниот, нефигуративниот, апстрактни тенденции сè до поп-уметноста и концептуалниот дискурс. Изданието содржи и преглед на графичките техники застапени во збирката на МСУ.

Тоа ќе може да се види низ делата на авторите што ја одбележале историјата на ликовната сцена во 20 век: Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Андре Масон, Бернард Бифе, Ники де Санфал, Георг Базелиц… Куратор на изложбата е Благоја Варошанец.