понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 171
home Култура

Изложба „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“

Изложба „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“ – проект на „Центропа“ и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Изложбата е дизајнирана во 2017 година, куратор е Едвард Серота, директорот на „Центропа“. Станува збор за  пет еврејски приказни од Сплит, Дубровник, Белград, Битола и од Сараево.

„Центропа“ е еврејски историски институт со седиште во Виена, Хамбург, Будимпешта и Вашингтон. Се занимава со зачувување на семејните еврејски приказни од 20 век од Централна, Источна Европа и од Балканот, како  и пренесување на овие приказни преку фотографии, филмови, книги, публикации и изложби.

МИА

Коронавирус