вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 117
home Култура

Изложба „Филогенеза“ на Александра Петкова Гианели

Изложба „Филогенеза“ на Александра Петкова Гианели

Самостојната изложба „Филогенеза“ на Александра Петкова Гианели вечер ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје, во Отвореното графичко студио.

Во изложбата авторката Петкова Гианели визуелно ја разработува древната приказна за врската меѓу боговите и луѓето и нивната симболика на создавање.

Мегу тие приказни се и приказните за врховниот Создател-Бог од небото, Големата Мајка-Божица на Земјата, раѓањето на Сонце-Бог, митовите на Месечината…

МИА