петок, 23. јули 2021. Вести денес: 180
home Култура

Изложба „Африкански лица“ на Билјана Јуруковски

Изложба „Африкански лица“ на Билјана Јуруковски

Во Музеј на Македонија вечер ќе биде отворена изложбата „Африкански лица“ со фотографии на реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски. На изложбата, која финансиски е подржана од Министерството за култура, ќе бидат претставени повеќе дела создадени за време на нејзините патувања низ Африка.

– Посебен интерес предизвикуваат прекрасните портрети на народот Сури, една од најизолираните заедници населени во Југозападна Етиопија. Преку оваа изложба ќе имате прекрасна можност да се запознаете со архаичната култура на Сурите, но истовремено и да го посведочите уникатниот талент на фотографката Билјана Јуруковски. За ова волшебно патување низ Африка ќе можете да поразговарате со фотографката Билјана Јуруковски на средбата која ќе се одржи на 17.06.2021 во 12:00 часот во Музеј на Република Северна Македонија, информираат од Музеј на РСМ.

Од Музејот посочуваат дека оваа изложба ќе биде пропратена и со негово предавање за народот Сури кое ќе се одржи на 23 јуни 2021 во 12:00 часот во Музеј на Македонија.

Коронавирус