вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 50
home Култура

Интернационална Ликовна колонија во Галичник

Интернационална Ликовна колонија во Галичник

Во Галичник денеска ќе почне 30-та интернационална Ликовна колонија и ќе трае до 22 август, со учество на 11 уметници од повеќе земји.

На колонијата предвидено е да учествуваат Симоне Хујамнс и Мари ван Воленхофен од Холандија, Селма Џулизаревиќ и Бранимир Карановиќ од Србија, Софија Грегоријаду од Грција, Улф Лундин од Шведска, Даниел Дресел од Германија, Лин Куасаи од Англија, Хелидон Ѓерѓи од Албанија, САД и Зорица Зафировска и Атанас Атанасоски од Северна Македонија.

Ликовната колонија е визуелна манифестација во нашата држава која има за цел да воведе еден специфичен сензибилитет во заедничко работење на група интернационални и домашни автори.

За времетраењето на колонијата ќе се одржат две јавни презентации на кои уметниците ќе се претстават пред локалната јавност и ќе можат да комуницираат и да се социјализираат со локалното население.

Во октомври ќе се организира ретроспективна изложба „30 години Ликовна колонија Галичник“ во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Мала станица, на која ќе бидат претставен селектиран избор на дела од сите досегашни сесии на колонијата, а ретроспективата ќе биде проследена и со монографија.