петок, 21. септември 2018. Вести денес: 144
home Култура

Гостување на камерниот хор „Херувими“ во Унгарија

Гостување на камерниот хор „Херувими“ во Унгарија

Камерниот хор „Херувими“ денеска ќе има  концерт во Козег, Унгарија, во рамки на 23. Интернационален летен универзитет „Европа во вителот на промените“.

Гостувањето е резултат на соработката помеѓу Институтот за напредни студии од Козег и новоформираниот Институт за напредни студии „Логос“ од Скопје.

На концертот ќе бидат изведени дела од Јоан Хармосин – Охридски, Андон Шахпаски, Манасиј поп Тодоров, Васил Иванов Бојаџиев, Јаков Протопсалт, Јане Коџабашија.

Камерниот хор „Херувими“ досега има реализирано поголем број концертни настапи на разни домашни и меѓународни манифестации и е активен носител на програмата на Школата по црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпски“.

Овој настап е дел од концертната дејност на хорот „Херувими“ преку која повторно оживуваат творбите од голем број  ракописи и печатени книги на црковното пеење од словенско-византиската традиција настанати на територијата на Македонија.

(Миа)