четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 36
home Култура

Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица

Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во мултимедијалниот центар Мала станица ќе ја отвори годишната изложба на која учествуваат 73 автори негови членови.

Друштвото посочува дека овие годишни ревијални изложби се значаен дел од летописот на ликовната уметност во земјава и дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на овие изложби – од првата во 1945 година па сè до денес.

-За да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност, ДЛУМ ја организира оваа ревијална изложба. На тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ, всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја презема и целата одговорност и ризик на излагањето. Тоа секако ја зголемува самокритичноста, таа врвна доблест на старите мајстори, соопшти ДЛУМ.

Коронавирус