понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 168
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Герил Брутски: Село без кучиња или Фантазмагориите на пандурот Цвики

На глупоста и легнува пародија, посочувањето факти ја дуплираат.
Герил Брутски: Село без кучиња или Фантазмагориите на пандурот Цвики

Само што, просто ми излета метафората во насловот, речиси во истиот тој миг, ми се јавува на тел. малско другарче од ДБК. Ејјј, си реков, зарем на овие и на газот им никнале уши, та уште на недоизреченото да ме фатат за дело. А тој пак, крајно возбуден, ниту да ме испочитува со она вообичаеното здраво, ниту како си – ниту бутур, ами веднаш фати да ме моли, речиси да паничи да му помогнам во некоја негова тајна задача. А работата вистина сериозна, без зезање, та моли човекот, убеден дека е на вистинската адреса.

Во што да ти бил проблемот. Види, види, да ти го задолжил доскорешниот негов шеф Путецот, сега прв техничар у Влада, уште во фаза на крчкање на Годишната…, сите апликанти да ги помине низ полицискиот филтер.

Во мигот и се созедов од зачуденоста со понудата, оти в лево ниту глава не наведнувам, му реков, “Зошто бре пријателе токму јас? Пушти што и метафората во насловот просто ми ја сј.ба.”.

Е сега, иако тој ме начека задлабочен во моето започнато обраќање на оние што идентитетското ни го испоганија, чувствувајќи се ко никому да му пишувам во немајкадево, не сакав пријателчето да го разочарам, ами барем со две-три умни да го испочитувам, онака де, за под итно и мошне елегантно да го симнам од глава. Оти бев троа подисплашен, признавам, и подиспотен од помислата во какви тоа се’ го.нарии би можело да ме втурне она неговото, оти гладниве за власт мерка си немаат во тероризирањето македонски родољуби и независни мислители.

Ама и тој, кутриот, курназ да ти бил, наивно го потценив. Немаше бегање, ми стокми такви причини што просто морав да го прифатив предлогот да се видиме.

… Упорно настојуваше нешто да извлече од мене, ко лојален цајкан којшто морално било со нешто конкретно да излезе пред шефот, независно што му беше познато дека сум прилично десно насаден или, од другата страна, а и тежок за обработка. А, всушност, ме молеше за совет од каде да ја фати работата, оти од култура врска си немаше. “Ај само ова”, разврзуваше скромно – “Дали да почнам од главата иллл…, доглавниците? Од Комисиите? Дали можеби од раководителите? А од референтчињата?…

Уште пред тој да ми искамчи некакво мислење за совет, потпирајќи се на нашето маалско другарување од детство, независно непомирливоста во нашите поимања народ, нација и држава, одлучив да соработувам во име на Македонија. Особено што и него го видов поприлично омекнат низ левичарските магли, колнејќи ми се дека се чувствува излажан од неговите, нарекувајќи ги токму како и јас – предавници на татковината. А порано и в гуша сме се фаќале за да разјасниме дури и ноторни нешта, а камо ли при неговото често мешање лончиња. Нејсе, овојпат како да бевме на истата страна.

Ете, помислив, најдовме доволно причини да ги здружиме силите за наше добро. Но веднаш го предупредив – “Не ми ги чепкај Комисиите!”, му реков, иако и одбраните се од крв и месо, нивната вина сепак е најмала. А притоа и – “Зарем и вам Државните не ви е јасно дека сите случајни типови се затскриваат зад професионалците?”.

Кога виде дека не се шегавам со одлуката да соработуваме, иако зачуден, подраскомотено зеде да ме потпрашува – “Значи ли тоа, ако добро разбирам, ми предлагаш ли сите по ред да ги пришрафам информативно и се’ по ред да си признаат?!”. Јас кревав раменици и нишав глава горе – долу, одобрувајќи, иако знаев дека тоа не ќе му е целосниот корисен список. Оти во вакви прикаски главата секогаш е погоре и уште погоре. Најгоре! А тој се’ уште збунет и растревожен, дополнуваше – “Ами тогаш зошто никој од оние твои Комисии (очи ќе ми извадеше кога ги споменав), ама баш ни еден од нив не ни се пожалил дека не биле, нели, профи испочитувани? А слушам во кулуарите, тие им караат мајката на сите од списокот што ги споменав?”. Та ако е така, како што раструбиле, се прашуваше повторно – “Тогај, кој црн ѓавол ги терал да се здружуваат со сатаната?” – Е браво, му реков јас – “Добро утро! Речиси си на вистинскиот траг пријателе.”. Очекувајќи да потпрашува, логично на мојата иронична констатација, ги прекрстив рацете, повлекувајќи се наназад во цинично замислена поза, подготвен на се’, кога нему му заѕвони телефонот и ништо не бидна од мојата проектирана расправа. Веднаш стана, само крена рака за поздрав и ја збриша. Независно што ми пропаднаа проекциите, се израдував ко дете, убеден дека се спасив од него за секогаш.

Но не! Не, не, уште следниот ден да ти насетил малиот уште нешто сомнително, та ете го повторно – ѕррррр, ѕррррр, ѕррррр… Веднаш штом кренав…, тој мене “с неба па у ребра”, пред да ме куми пак да се видиме – “А што мислиш, има ли вистина во информациите дека и годинава, како и претходните две, ќе ги посерат од пари милениците меѓу невладините полтрончиња, кое каквите шарени здруженија, особено Шарпланинците? (Си се засмеав нечујно, кога сконтав дека метафората е иста со онаа славна на Ѓоко Ѓеоргиев, кога прилично дамна во музичката радио емисија Три гонга, на неговото прашање кон гостинот од каде тој доаѓал, овој му одговора дека е од подшарпланинските села. На што Георгиев, мртов ладен, низ познатата му насмевка, констатира – “Аха, значи вие сте Шарпланинец!” хахаха)

Но пандуров ме замолкна. Просто ме стаписа колку да ти имал во досието, што оправдано се посомневав дека фолира со молбата за моето “ангажирање”.

По неговиот очигледен тест, на што му наликуваа и пристапот и потезите, упорно чекајќи да му одговорам, продолжи уште по жестоко и во детали – “Види, изворите ми велат дека на позитивно дискриминираните, дури меѓу нив и некои проектирани антидржавно, мамичето им, ќе им бидат доделени највисоки средства.” Јас и натаму одмолчувам и кревам раменици. Тој упорно додева – “А доушникот што ми вели дека имам работа и со измислени/непостоечки апликанти и нивни квази проекти?!” Јас и натаму во шок. Тој пак, уште поупорен да ме навлече на коментар или, што ја знам, можеби да збеснам, а добро ме познаваше, продолжуваше да ме опсипува со редица сомнителни прашања.

… Е не се издржуваше, тогај просто му свикав – “Е, си се зезнал, пријателе, му реков, ни збор од мене, заборави ти тоа, без да искешираш бре брат, нема муабет! Како си запнал, помислив ќе ми затреба и Договор за заштита. А паметиш ли ти она, уставобранителите да ти биле терористи?! А пак она, осуммината предавници – …?!” А тој ме прекинува со – “Но добро бре другарче, не те разбирам, нели и ти треба да си засегнат со овие лакрдии? Нели неправедно си навредуван? Нели и од оние таму, како ми велат некои, што ука си им дал? Иако, вистина и ти не си магионичар, нели така? А и од секое дрвце не бивало свирче, нели?!”. Ќе подзапреше, па повторно ко навиен – “ Не, не, гадно си се заебал, продолжуваше тој, не ми се оправдувај, немој мене! Башка што подобро знаеш дека не е секој да се носи со ука, ако и воопшто разбрал лекциите. – Не пријателе, не прифаќам она, денес чуле – не разбрале. Демек, утре ќе разбереле. Тикви ќе разберат криво насадените! Така да си знаеш!”

Само што помислив дека го исцрпел арсеналот, кога тој пак – “Ами она, што “дискриминираните” од правично застапен еден во Комисиите, речиси станувало правило да начукуваат двајца. И тоа ли ќе ми го премолчeше?”

“А тоа што сработеното од Комисиите им било само параван на хиерархијата, што потем им го фрлале како коска на институционалните инструирани полтрончиња на касапење, за патем и тие да ги задоволат гладните желби за поткревање суета, некому и за конкретен интерес. И тоа ли?!”

Во мрак биртијата, ко оние опишани од Емил Зола, каде се сретнавме, не издржа малиот и се издаде – “Ех, со кого јас сум фатил работа, ами ти си бил непоправлив. Ко да не си пораснал другарче од времето кога градевме кули од песок ил засолништа од картонски кутии. Дип си ми другар, верувај, инаку ќе го кркаше стапот ни крив ни должен.”

По мојот молк, ко вечност во бучната кафеана, наеднаш стана од масата и налудничаво се разлути жестоко – “Марш, да не те видам! Ми се дрекна в лице! Стана налутено и стоеше наперчен ко петел се дур понизно не загазив кон вратата, за тој потем лежерно да си приседне, ко ништо да не се случило.

Одалечувајќи се од точката на невкрстливоста, какви што сепак беа нашите светови, го наслушнав од него дури и ова … “Со десничар ќе садиш крастајци! Мамичето им нивно ВМРО-вско! Зарем не ги доистребиа педесеттите? Убаво ми велеше критичарон Памфлет Блог – само нов Голи оток за нив! За малку ќе ни ја поеб.а милата ни Северна М и Европска. Шутраци ни заедни! Пу, ј’зк!

 

автор на текстот Станко Павлески

Коронавирус