вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 127
home Култура

Гала оперски концерт на фестивалот „Есенски музички свечености“

Гала оперски концерт на фестивалот „Есенски музички свечености“

Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт во режија на Дејан Прошев и под диригентство на Иван Еминовиќ.

Ќе настапат оперските солисти: Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров и хорот и оркестарот на НОБ.

Концертот ќе се одржи според здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19 при одржување јавни настани, а за публиката влезот ќе биде отворен еден час пред почетокот.

Коронавирус