среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Култура

(ФОТО) Предлог книги за читање ова лето

(ФОТО) Предлог книги за читање ова лето

Огромен избор на книги може да се забележи на штандот на издавачката куќа „Икона“ на настанот „Garage Sale“ во трговскиот центар „Рамстор“.

На штандот на оваа етаблирана издавачка куќа има преку 100 наслови на англиски, македонски, српски и албански јазик. Постои попуст на целиот репертоар, а книги од светски познати автори може да се купат за само 80 или 100 денари.

На штандот на „Икона“, екипата на Лидер разговараше со книжарката Магдалена Стојмановиќ, која ја замоливме да издвои три книги кои би им ги предложила на нашите читатели за летниот одмор.

-Првиот мој предлог е „Чоколадо“ од Џоана Харис. Станува збор за роман во кој се зборува за конфликтот помеѓу конзервативните и традиционалните општествени сили и иновациите понесени од оптимизмот, витализмот и полетноста на главниот женски лик како носител на дејството во романот. Вториот мој предлог е книгата „Спокој“, од најпознатиот современ унгарски автор Атила Бартиш, а предлогот е врзан со најавата за доаѓањето на авторот во Скопје по повод промоцијата на македонскиот превод од оваа негова книга. – ни одговори младата книжарка Магдалена Стојмановиќ, која е прогласена за најдобар книжар на годината од Здружението на издавачи и книжари на Република Македонија.

Стојмановиќ додаде дека секако ни го препорачува и регионалниот бест селер „Јас Пинк Пантер“ од српската авторка Оливера Ќирковиќ кој беше најпродавана книга на последниот саем.

Освен книги, на штандот на „Икона“ има и богата програма за подароци и сувенири.