недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Култура

ФОТО: Отворена изложбата „Во духовниот храм“, дела од македонскиот живот

ФОТО: Отворена изложбата „Во духовниот храм“, дела од македонскиот живот

Во Музејот на македонската борба вчера беше отворена изложбата „Во духовниот храм“ на македонскиот сликар Ерол Сулејмановски.

Посетителите имаа можност да го видат специфичниот пристап на уметникот за сублимирање од традиционалното кон модерното, преку виртуелна магична визуелизација. Самите наслови на изложените дела алудираат на темата од македонскиот живот. Дел од нив се „Македонка“, „Жетварки“, „Старо Скопје“, „Молитва“ и „Три генерации“.

Во дел од критиките за изложбата се наведува дека Сулејмановски преку делата дава целосната грандиозност на рафинирана вонвременска слика врз длабочината на пречистената рафинирана плоха, а неговите дела имаат свој специфичен печат и код на магична илуминарна композициска поставеност.

„Во духовниот храм“ е прва самостојна изложба на Сулејмановски кој ја своите дела работел 30 години.

Изложбата ќе биде отворена до 19 ноември.

Коронавирус