петок, 25. септември 2020. Вести денес: 35
home Култура

Фото изложба „Со љубов од Битола”

Фото изложба „Со љубов од Битола”

Во Битола вечер во фоајето на НУ Центар за култура ќе биде отворено 8. издание на фото изложбата „Со љубов од Битола” на која годинава ќе бидат промовирани 31 фотографија од 23 автори.

Изборот и селекцијата на фотографиите ги направи стручно жири во кое членуваат Далибор Митковски, Кети Талевска и Петар Тасевски.

-Оваа година изложбата раскажува приказна за љубовта во време на корона. Авторите на фотографиите создадоа визуелно сведоштво за времето и животот и сите нешта кои сега се поинакви, велат од Центарот за европски развој и интеграција кој е организатор на изложбата.

Културниот настан е поддржан од НУ Центар за култура Битола и од Министерството за култура

Коронавирус