четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Култура

Филмот „Дедо и внук“ награден на фестивалот „Буда“ во Индија

Филмот „Дедо и внук“  награден на фестивалот „Буда“ во Индија

Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски освои награда за најдобра режија на фестивалот „Буда“ (The Buddha International Film Festival-TBIFF) во Индија, кој е посветен на прикажување нови и иновативни филмови. Фестивалот е силен поборник за социјални промени и ја охрабрува културната разновидност и разбирање меѓу народите.

Ова е четврта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4. Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festivalв во категоријата играни филмови.

Светската премиера на „Дедо и внук“ беше на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ оваа година во Приштина.

Главните улоги во филмот ги играат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски. Продукцијата на филмот е на „Pandora’s Box“ од Охрид во соработка со „Dream Factory“ од Скопје и „Alien Film“ од Романија.

Коронавирус