понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 99
home Култура

Филхармонија ве кани на концерт по повод 1000 години од основањето на Бигорскиот Манастир

Филхармонија ве кани на концерт по повод 1000 години од основањето на Бигорскиот Манастир

Филхармонија има чест да Ве покани на посебен културен настан, свечен концерт по повод големиот јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години од неговото основање.

Концертот ќе се одржи на 23 септември (среда), во Големата сала на Филхармонијата, со почеток во 20 часот.

Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).

На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции.

 

Коронавирус