недела, 29. март 2020. Вести денес: 32
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Филхармонија почнува со онлајн емитување на дел од своите концерти

Филхармонија почнува со онлајн емитување на дел од своите концерти

Филхармонија за сите оние кои сакаат да слушаат класична музика, а поради актуелната состојба со коронавирусот не се во можност тоа да го сторат, почнува со емитување на дел од своите синфониски концерти на социјалните мрежи кои можат да се најдат и на Јутјуб каналот.

Со тоа и оваа институција се приклучува кон културните установи кои почнаа да емитуваат онлајн програма поради актуелната состојба со коронавирусот.

– Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и исклучителните диригенти и солисти кои гостуваа на сцената на Филхармонија. Серијата емитувања започна со феноменалниот концерт „Моќта на Заратустра“ и изведбата на едно од најмоќните дела во класиката – „Така зборуваше Заратустра“ на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит, информираат од Филхармонија.

Освен концертите кои се составен дел од официјалната програма, Филхармонија секоја сабота на Јутјуб каналот и на социјалните мрежи ќе ги емитува и Концертите за деца.

– Следуваат уште многу возбудливи музички патувања со оркестарот на Филхармонија, кои се надеваме дека ќе ви бидат дополнителен мотив и сатисфакција да останете дома и да ги почитувате препораките!#СедиДомаСоФилхармонија, се наведува во соопштението.