среда, 12. август 2020. Вести денес: 163
home Култура

Филхармонија ги одложува сите концерти до крајот на март

Филхармонија ги одложува сите концерти до крајот на март

Согласно новонастанатата ситуација со вирусот Ковид-19 и најновата препорака од Владата, донесена на 10 март 2020 за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одложува сите концерти до крајот на март.

-Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на [email protected]. Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и часот кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат, информира Филхармонијата.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време, од 10-14 часот.

За натамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

Коронавирус