понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 13
home Култура

Европски филмови во дворот на Кинотека во четири вечери

Европски филмови во дворот на Кинотека во четири вечери

Четири современи европски филмови ќе прикаже Кинотеката на отворено од денеска до 13 јули. Четиридневната летна кинопрограма ќе се емитува во дворот на Кинотеката. Ќе почне вечер од 21 часот со проекција на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, кој  ја доби престижната награда „Лукс“ (LUX Prize) за најдобар европски филм за 2019 година.

Утревечер (11 јули) ќе биде прикажана комедијата „Гостин“ – копродукција на Италија, Швајцарија и Франција, на 12 јули – австриската драма „Земјата под моите нозе“, а на 13 јули – швајцарско-италијанската романса „Сонот на Катрина“. Почетокот на проекциите е во 21 часот, а цената на влезниците е 100 денари. Целата програма со повеќе информации за филмовите е објавена на официјалната фејсбук-страница на настанот.

Општина Карпош, која е меѓу коорганизаторите на летната кинопрограма, ги информира жителите од зградите околу Кинотеката дека ќе биде изгаснато уличното осветлување на дел од улицата „Никола Русински“ за време на кинопроекциите.

Посетителите ќе треба да се придржуваат до препораките за заштита од КОВИД19:  носење заштитна маска, физичко растојание за време на проекцијата, задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот на Кинотеката. Забрането е внесување пијалаци.

– Првиот викенд ќе го одбележи „Европскиот филмски предизвик“ (European Film Challenge) – иновативна дигитална платформа која ја промовира европската кинематографија. Секој од посетителите на овој настан може да биде дел од предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/ каде на својот профил може да ги забележи гледаните филмови, но и да сподели моменти (фотографија, видео) на социјалните мрежи користејќи го хаштагот #EuropeanFilmChallenge, соопшти Општина Карпош.

Коронавирус