понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 51
home Култура

„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска во МКЦ

„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска во МКЦ

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 20 часот  ќе биде отворена изложбата „Ерос и Танатос“ на Весна Ничевска, на која академската сликарка ќе се претстави со 40-ина дела.

Тие имаат фигуративна, но и експресивна содржина и се изработени во различни техники: туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника.

– Сензуалноста, еротиката и љубовта наспроти смртта и страста за живот инкорпорирани во сцени замрзнати во времето, а сепак толку живи претставени со брзи и експресивни, спонтани потези на хартија или платно…, наведува МКЦ за самостојната изложба „Ерос и Танатос“ која ќе може да се посети до 20 јули.

МКЦ информира дека настанот ќе биде реализиран по соодветниот протокол и со почитување на препорачаните мерки за заштита од вирусот КОВИД-19.

Авторката на изложбата Весна Ничевска (1977, Скопје) дипломирала во 2001 година на Факултетот за ликовни уметности во  Скопје, во класата на проф. Родољуб Анастасов. Учествувала на повеќе групни изложби, стрип-фестивали, нејзини дела се објавувани во повеќе стрип-ревии и илустрирала голем број приказни за деца. (MИА)

Коронавирус