среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Култура

Џеват Лоши и Али Алиу добитници на државната награда „22 Ноември“

Џеват Лоши и Али Алиу добитници на државната награда „22 Ноември“

Државната награда „22 Ноември“ годинава се доделува на проф. д-р Џеват Лоши, албанолог и акад. Али Алиу, книжевен критичар, за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, соопшти Министерството за култура.

-Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2020 за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, посочија од Министерството.

Како што информираат, наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември 2020 година, недела, во 12 часот во Собранието. (МИА)

Коронавирус