петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Двајца возачи и сопатник тешко повредени во сообраќајка на патот Тетово-Желино

Двајца возачи и сопатник тешко повредени во сообраќајка на патот Тетово-Желино

Три лица од кои двајца возачи се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на регионалниот пат Тетово-Желино, кај Требошки натпатник.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале товарно возило „мерцедес“, со тетовски ознаки, управувано од Х.А.(48) од с.Г.Речица и автомобил „Опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(18) од с.Сараќино.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „опел корса“, Б.С.(19) од с.Сараќино, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.