вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 146
home Култура

Друштвото на писатели се простува од Данило Коцевски

Друштвото на писатели се простува од Данило Коцевски

Членовите на Друштвото на писатели на Македонија се длабоко потресени од загубата на колегата Данило Коцевски.

-Коцевски, критичар и хроничар, сестран книжевен творец и драг пријател, кој беше секогаш расположен за инспиративен книжевен реазговор и беше пример за книжевен деец за кој не важат генерациските поделби. До пред само неколку месеци тој беше активно вклучен во редовните книжевни настани на ДПМ, со свои прилози, текстуални или дебатни настапи, со жирирања и уредувачки активности. Неговото творештво, особено неговата литературна критика и есеистика, како и неговата хроничарска есеистика за Скопје, остануваат трајни и значајни сегменти на македонската литература. Вечна му слава, наведува ДПМ.

Коронавирус