петок, 3. април 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Десет реставрирани филмови со Чарли Чаплин во Кинотеката во март

Десет реставрирани филмови со Чарли Чаплин во Кинотеката во март

Во 11 термини кон крајот на март во Кинотеката ќе бидат прикажани десет реставрирани филмови со Чарли Чаплин на ДЦП-формат, како и четири кратки играни филмови на 35 мм од архивската збирка на Кинотеката.

-Легендарниот Чарли Чаплин пред 100 години почнал да ги снима неговите ремек-дела, со кои не само што почнува златниот период на немиот период на Холивуд, туку и на американската и светската кинематографија, соопшти Кинотеката.

Кинотеката во март ќе промовира ДВД-издание на пет дигитално реставрирани македонски играни филмови снимени во изминатите четири децении: „Македонскиот дел од пеколот“ во режија на Ватрослав Мимица, „Три Ани“ на Бранко Бауер, „Жед“ на Димитрие Османли, „Татко (Колнати сме, Ирина) на Коле Ангеловски и „Хај-фај“ на режисерот Владимир Блажевски.

Во рамки на Вечерите на женски права по повод 8 Март, во Кинотеката ќе бидат прикажани два филма кои ја преиспитуваат денешната положба на жената: „Куќа на малата ѕвезда“ – документарен филм на хрватската режисерка Слаѓана Лучиќ, и „Отворена врата“ – игран филм во режија на Флоренц Папас.

Кинотеката во март ќе организира и Денови на турски филм, а  низ целата месечна програма ќе има и филмски наслови од поновата европска и светска кинематографија.

Коронавирус