понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 56
home Култура

Денови на етнологија и антропологија

Денови на етнологија и антропологија

Во организација на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, УКИМ, од денеска до 27 јуни во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржат Денови на етнологија и антропологија.

Програмата предвидува осум промоции на книги и на посебен тематски број на институтското списание ЕтноАнтропоЗум, четири проекции на филмови и два музичко-сценски настапи.

Помеѓу книгите има научни истражувања, скапоцени етнографски извори, како и неколку стрипови. Музички настап во живо ќе има чалгија „Мерак“ со група студенти на ИЕА, а предвиден е и музичко-сценски перформанс: „Матен Вардар дотече: фолклорен еротикон“ со читање еротска народна проза и поезија. Филмовите пак се однесуваат на постот во различни религии, на дервишкиот обред Зик’р, на чалгиската традиција во македонската музика и на продавницата за облека од втора рака „Копче“ на Црвениот крст на град Скопје.

Целта на настанот, како што вели организаторот, е да се промовираат активностите на Институтот за етнологија и антропологија, како и новата студиска програма на овој Институт по Менаџмент и заштита на културно наследство, која ќе започне во учебната 2021/22 година.

Коронавирус