четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 31
home Култура

Денес и утре во МКЦ: Премиера на претставата „Вистинскиот запад“

Денес и утре во МКЦ: Премиера на претставата „Вистинскиот запад“

Официјално, за прв пат во Македонија, најпоставуваниот драмски текст на наградуваниот американски автор Сем Шепард – „Вистинскиот запад“, ќе биде одигран на 26-ти (недела) и 27-ми (понеделник) септември од 20 часот, во Младинскиот културен центар.

Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува.

Играат: Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев, Тања Кочовска.

Текст: Сем Шепард

Режија: Борис Василески

Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев

Костимографија: Симона Даноска

Извршен продуцент: Ава Хусеини

Превод од англиски јазик: Марио Стојаноски

Музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски

Дизајн на постер: Ана Јачева

Билетите по цена од 350 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.

Изведбите на претставата се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани.

Локални избори 2021