понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 159
home Култура

Дела од ликовната колонија „Карпино 2018“ на изложба во Илинден

Дела од ликовната колонија „Карпино 2018“ на изложба во Илинден

Во Домот на култура „Илинден” во општина Илинден денеска ќе биде  отворена  изложба на  дела создадени на 16. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2018“ – Куманово.

Ќе бидат претставени 30-ина слики изработени во техника акрил на платно и масло на платно, од 14 автори од Македонија и од странство.

Општина Илинден  ја организира изложбата во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев” од Куманово.

МИА

Коронавирус