среда, 14. април 2021. Вести денес: 173
home Култура

„Да престанат претставите по улиците“: Актерите од Струмица покажаа незадоволство од директорот

„Да престанат претставите по улиците“: Актерите од Струмица покажаа незадоволство од директорот

Со перформанс на градскиот плоштад актерите од струмичкиот театар уште еднаш го изразија нивното незадоволство од одлуката за директор да биде назначен наставник по физичка култура.

Побараа да престанат претставите по улиците и да се одиграат таму каде што им е местото со векови и милениуми, во храмот на божицата Талија. Велат борбата за професионализам и докажување на вистината ја водат минувајќи низ тежок пат  но убедени се дека вистината е на нивна  страна, а културата им припаѓа на културните дејци.

Иницијативата Култура или фис култура струмичките актери ја покренаа пред околу два месеци во знак на протест против одлуката на ресорното министерство  да назначи директор на центарот за култура кој според актерите согласно неговото формално образование не е соодветен за таа позиција.

Иницијативата ја поддржаа над 300 културни работници од целата држава, а беа одржани и повеќе протести

Прилогот на Сител погледнете го во продолжение:

Коронавирус