понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 72
home Култура

Четири изведби на балетот „Оревокршачка“

Четири изведби на балетот „Оревокршачка“

Во пресрет на новогодишните празници, Националната опера и балет четири пати ќе ја изведе балетската претстава „Оревокршачка“ поради голем интерес.

Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела на музика на Петар Илич Чајковски кое публиката ќе има можност да го види денеска и на 28, 29 и 30 декември.

Денешната и изведбата в недела се наменети за најмладите и ќе почнуваат во 12 часот, а претставите на 28 и 30 декември се со почеток во 20 часот.

Ќе настапи оркестарот под диригентство на  Бисера Чадловска, балетски првенци, ансамблот на Балетот, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

– Волшебна балетска авантура за сите возрасти. Новогодишно-божиќна бајка која мириса на снег, карамела и на цимет. Обоена е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од балетот „Оревокршачка“, соопшти НОБ.

Коронавирус