понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 63
home Култура

Чествување на Коле Чашуле по повод сто години од неговото раѓање

Чествување на Коле Чашуле по повод сто години од неговото раѓање

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска напладне ќе се одржи чествување на македонскиот прозаист и драматичар, Коле Чашуле, по повод сто години од неговото раѓање.

Како што соопштија организаторите, за делата на Коле Чашуле ќе говори проф.д-р Весна Мојсова – Чепишевска, а делови од творештвото ќе интерпретира актерката Јована Спасиќ.

Настанот ќе се одржи во спомен – собата на Миладиновци во библиотеката, со задолжително почитување на пропишаните мерки за одржување културни настани на затворено.

Коле Чашуле е припадник на легендарната прва генерација македонски писатели. Тој бил присутен на македонската книжевна сцена повеќе од шест децении. Автор е на 24 драми, 12 романи, четири книги раскази, шест кноги есеи и една монографија. Во 2003 година е избран за почесен член на МАНУ.

Роден на 21 март 1921 година во Прилеп, а починал на 22 септември 2008 година во Скопје.

ЕУРО 2020

Македонија