среда, 14. април 2021. Вести денес: 173
home Култура

Чествување на Анте Поповски

Чествување на Анте Поповски

Чествување на големиот македонски поет Анте Поповски денеска на пладне ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. По повод 90 години од неговото раѓање, беседа за творештвото на Поповски ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, а стихови од неговата поезија ќе рецитира актерката Јована Спасиќ.

Чествувањето ќе се одржи во спомен-собата на Миладиновци, согласно пропишаните мерки за одржување културни настани.

Анте Поповски беше поет, есеист, препејувач, публицист. Роден е на 3 јуни 1931 година во село Лазарополе, а почина на 1 октомври 2003 година во Скопје. Завршил Медицински факултет во Скопје. Бил член на Извршниот совет на СР Македонија, директор на весникот „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, потпретседател на републичката комисија за културни врски со странство (во СРМ), претседател на Друштвото на писателите на Македонија (два мандата), претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (два мандата). Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар.

Автор е на 15 поетски книги. Неговата поезија е преведена на многу светски јазици и е добитник на наградите-„Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“, „Гоцевата повелба“ и на меѓународната награда “Premio Europa”.

Коронавирус