четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Култура

Божиќен концерт на хрватската машка клапа Подворје во Битола

Божиќен концерт на хрватската машка клапа Подворје во Битола

Хрватскиот машки вокален состав Подворје од Каштел Суќурац, вечер во Битола ќе одржи Божиќен концерт.

Домаќини и организатори на културниот настан се македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во соработка со НУ Центар за култура-Битола.

Продолжуваме со традиционално одбележување на Божиќ и со гостување на ансамбли и групи од градови од Хрватска или места на Балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години, а се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција, информираа од КЦ „Марко Марулиќ“ во пресрет на вечерашниот божиќно-новогодишен концерт во Битола.

Во текот на своето 25 годишно постоење, културниот центар „Марко Марулиќ“ организирал бројни гостувања на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, но и настапи на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска. 

Парламентарни избори 2020