петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 147
home Култура

Битолскиот театар гостува во НР Кина

Битолскиот театар гостува во НР Кина

НУ Народен театар Битола ја почна втората театарска турнеја во НР Кина на која до 18 ноември ќе гостува на неколку театарски сцени во Шангај и Пекинг.

За време на гостувањата во НР Кина, актерите на битолскиот театар ќе ја играат претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, во режија на Итаи Дорон.

Според програмскиот престој, до 12 ноември планирани се гостувања во културниот центар во Шангаj, првите настапи се закажани за 8 и 9 ноември, а од 12 до 18 ноември, битолчани ќе гостуваат во Пекинг.

Гостувањата на НУ Народен театар-Битола во НР Кина се совпаѓаат со свеченостите посветени на јубилејот 70 години од формирањето на Кина како современа држава, но и со денот на основањето на битолскиот театар, 14 ноември 1944 година.

Театарската турнеја на ансамблот од Битола е овозможена и поддржана од македонското Министерство за култура.