четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 178
home Култура

Бисера Костадиновска Стојчевска ја презеде функцијата министерка за култура од Ирена Стефоска

Бисера Костадиновска Стојчевска ја презеде функцијата министерка за култура од Ирена Стефоска

Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска, во Министерството за култура и ја предаде функцијата на новоизбраната министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На новоименуваната министерка Костадиновска – Стојчевска, Стефоска ѝ посака срдечно добредојде во Министерството и многу успех во мандатот. Таа подвлече дека во ресорот се започнати повеќе процеси и проекти кои се од системско значење за уредување на културата, а кои поради сложеноста се одвиваат во повеќе фази кои бараат континуитет. Некои од нив се во сферата на заштитата на културното наследство, инвестициите, нормативата, евроинтеграциите, УНЕСКО, како и функционалната анализа во самото Министерство за култура. Стефоска им се заблагодари за довербата и соработката на својот тим и на сите вработени во Министерството, како и на културните работници и на уметниците.

Новоименуваната министерка за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, се заблагодари на убавите желби упатени од Стефоска и рече дека позицијата министерка за култура на Република Северна Македонија ја презема со голема чест и одговорност.

„Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што културата ги носи како силен обединувачки елемент во секое општество. Искрено верувам дека сите заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности“, рече министерката Костадиновска – Стојчевска.

Коронавирус