понеделник, 23. јули 2018. Вести денес: 82
home Култура

„Авантурите на Лисичко и Калинка”- уникатна музичка сликовница за деца

„Авантурите на Лисичко и Калинка”- уникатна музичка сликовница за деца

Сликовниците, музиката и креативноста играат голема улога во правилниот развој, особено кај децата од предучилишна возраст. Токму поради оваа причина мала група на македонски уметници,музичари и ентузијасти го создадоа Лисичко и неговата музичка сликовница „Авантурите на Лисичко и Калинка“. Нивната цел е да се промовира учење преку песнички, игра и забава..

Визуелниот дел од сликовницата опфаќа илустрации со главниот лик Лисичко и неговите пријатели кои ја надополнуваат приказната. Музичкиот дел е составен од македонски песнички (традиционални и авторски) изведени од деца и ќе биде достапен на ЦД и УСБ. Преку авантурите се обработени теми кои се битни за развој на детските навики во секојдневното живеење, навиките за хигиената, односот со друграчињата како и развивањето на перцепцијата за природните феномени.

Изработката на музичката сликовница е во својата финална фаза. Во тек е кампања за финансиска поддршка (crowdfunding) со цел да се испечати и сними оваа музичка сликовница.
Дознајте повеќе за овој проект и како може да го поддржите на следниот линк: https://www.letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/10165