петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Англискиот продуцент со коментар за македонската „Медена земја“, посебно прашање има за Атиџе

Англискиот продуцент со коментар за македонската „Медена земја“, посебно прашање има за Атиџе

Англискиот продуцент Едгар Рајт упати низа позитивни пораки за македонскиот филм „Медена земја“, кој влезе во потесен избор за наградата Оскар.

-Го гледав прославениот македонски документарец „Медена земја“. Еден од волшебните филмови што е многу импресивно да заборавите дека некој го снима ова. Како во најдобрите интернационални кина, те тера да ѕирнеш во светот кој нормално не можеш да го видиш. Исто така, ако некој од продукцијата ја донесе Атиџе Муратова на Оскарите, дали може да направат документарен филм за тоа?, напиша Рајт на својот Твитер налог.