петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Култура

75 години Драмски театар

75 години Драмски театар

Драмскиот театар денеска го одбележува 75 роденден.

-75-иот роденден за жал не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му доликува на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз. Но, со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката!, велат од Драмски.

75 години овој театар живее и го чува духот на сите големи актерски имиња кои го полнеле храмот на уметноста со смеа, солзи, аплаузи.

Денес е роденден на Драмски.

Му посакуваме сите следни родендени да бидат прославени со цел ансамбл, со полн салон, СО ЉУБОВ.

Коронавирус